И Македонија се приклучува на светскиот Марш против генетски модифицирана храна

На 25 мај во светски рамки традиционално се организира „Марш против ГМО“ (генетски модифицирани организми). Активисти од целиот свет се собираат за да укажат на опасностите од генетски модофицираната храна и да се спротивстават на монополските политики и патентите за семиња на американската компанија Монсанто. 

Оваа година за првпат и Македонија се приклучува кон Mаршот. Граѓанската иницијатива во Македонија , GMO Free Macedonia е предводена од студенти и инжинери по прехранбена технологија, здруженија за здрава околина и таа има за цел да ја зголеми свеста за негативното дејство на ГМО.

ГМО – храна се добива од организми на кои генетскиот материјал им е изменет со помош на современи технологии за генетски инженеринг. Според бројни истражувања, ваквата храна кај човекот и животните го зголемува ризикот за разни канцерогени заболувања, генетски пореметувања и други штетни влијанија на човечкиот организам.