И Хрватска забрани емитување и користење на нивна авторска музика во Македонија

Организацијата ХДС- ЗАМП, на седница на Управниот одбор одлучи дека ќе забрани користење на хрватска музика на сите радио и телевизиски станици во Македонија. Забраната стапува на сила веднаш.

Поради склучени договори за реципроцитет, ЗАМП Македонија пак, забранува емитување на македонска музика во Хрватска, со почеток од 17.10.

Во писмото на ХДС – ЗАМП, потпишано од Анте Пецотиќ, претседател, и Ненад Марчец, директор, пишува:

„Би сакале да Ви се обратиме во врска со последните случувања поврзани со заштитата на авторските права во Македонија. односно дадената Лиценца на новото Здружение (СОКОМ МАП) и следствено нивниот предлог Тарифник кој го имаат поднесено до Министерството за култура при Владата на Македонија.

Актуелната тарифа која е во сила во Македонија е веќе пониска од тарифите во земјите од регион, како и во Европа и пошироко, а предлог Тарифата на новото Здружение ја отвора можноста авторските дела уште повеќе да бидат девалвирани доколку истата биде прифатена од страна на надлежните органи.

Одбписку ги следиме настаните во Вашата земја и би сакале да ја изразиме нашата загриженост во однос на тоа дека континуитетот на авторската заштита во Македонија еставен во ризик, со штетни последици врз авторската заштита и на штета на вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски.

Со цел да се спречи понатамошно обезвреднување и девалвирање на делата на нашите членови. Ве известуваме дека Управниот Одбор на хрватското Здружение за заштита на авторски права (ХДС ЗАМП) на Седницата одржана на 11 Октомври 2016 година донесе едногласна одлука, а во согласност со потпишаниот реципрочен Договор, да побара од ЗАМП Македонија да ја повлече дозволата за користење на репертоарот на хдс ЗАМП од сите РАДИО и ТВ-дифузери на територијата на Македонија, стартувајќи веднаш.

Со ова го овластуваме ЗАМП Македонија да ги превземе сите мерки кои се потребни за спроведувањето на повлекувањето на репертоарот на ХДС. како и за заштитата на интересите на членовите на ХДС кои ги застапуваат во Македонија“.