И Германија размислува да ги забрани бурките од безбедносни причини

Германскиот министер за внатрешни работи најави дека во Бундестагот ќе предложи да се забрани секаква облека која сосема го покрива лицето, како дел од нови закони со кои би се зголемила безбедноста.

Томас де Маизиер ќе ги објави предлозите денес, како одговор на растечките грижи за тероризам во земјата, после серија насилни инциденти во државата.

Меѓу предлозите има и зголемување на бројот на полицајци и видео надзор во јавниот транспорт, како и олеснување на обврските за доверливост меѓу докторите и нивните пациенти, доколку увидат дека има закана. Освен тоа, доколку новиот закон биде усвоен, за имигрантите ќе биде потешко и да имаат двојна националност.

Владејачката Христијанска демократска парија на Ангела Меркел ќе се потруди да ги усвои предлог-законите, пред националните избори во 2017 година.

Партијата е под растечки притисок бидејќи нивната политика за прифаќање на бегалците од Сирија е обвинувана за серија сексуални напади и кражби извршени на повеќе од 1000 жени во Келн, од Нова година досега.

Сличен закон беше усвоен во Франција во 2010 година. Со него, сите жени кои носат хиџаб во јавен простор, се казнети со парична казна.