И денеска се собираат потписи за лицата со посебни потреби

Книга за поддршка на децата и возрасните со посебни потреби ќе биде отворена и денеска на скопскиот плоштад. До вчера беа собрани околу 2.000 од потребните 10.000 потписи за да поднесат иницијатива до Собранието за измени на закони и подзаконски акти, со кои на децата ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.

Децата со посебни потреби и нивните родители три дена протестно кампуваа во Паркот Жена-Борец, спорти македонското Собрание, револтирани од односот на државата кон нивните потреби.

Помеѓу најголемите проблеми со кои се соочуваат родителите на лицата со посебни потреби се границата од 26 години, кога лицето го губи правото на посебен додаток и бесплатни лекови, како и неизвесноста каде ќе завршат децата по смртта на родителите.

Родителите најавија дека секој следен месец ќе кампуваат по три дена пред Собранието, додека на се исполнат нивните барања.