И денешното финале на Светското дебатно првенство во живо на Радио МОФ

Финалните дебати на Светското дебатно првенство за студенти, кое изминативе денови се одржува во Солун,  ќе почнат деенска меѓу 15:00-15:30 часот. Сите гледачи од земјава, но и светската јавност, настанот ќе може да го следат во живо, преку стримот кој го обезбедува Радио МОФ, на следниот ЛИНК.

Годинава за првпат две дебатерки од Македонија, Теодора Столевска и Милка Геровска, стигнаа до финалето на овогодинешното универзитетско дебатно првенство. Столевска и Геровска, членови на МОФ кои на првенството го претставуваат УКИМ,  го поминаа полуфиналето дебатирајќи на тезата „Motion: THBT the IMF and World Bank should pay reparations to countries adversely affected by structural adjustment policies“ како тимот „Closing Government“.

Турнирот кој започна на 27 декември, завршува утре. На него 400 тимови од цел свет веќе ги спротиставија своите дебатни вештини. Преку девет прелиминарни рунди полуфинална и финална рунда ќе биде избран овогодинешниот светски првак во дебата. На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории:

Open category– во која се натпреваруваат сите на кои англискиот јазик им е мајчин јазик,

English as second language (ESL) категорија – во која се натпреваруваат сите дебатери на кои англискиот им е втор јазик и

English as foreign language (EFL ) категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик

Сите пропуштени дебати од првенството пак може да ги погледнете ОВДЕ.