Вработените во Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура и денеска ќе штрајкуваат поради две неисплатени плати.
Железничкиот сообраќај во Македонија е во прекин и не се знае кога ќе продолжи. Најавите се дека денеска треба да почнат преговори меѓу раководството на Македонски железници и Синдикатот за исплата на заостанатите плати од декември и јануари.
Во двата сектора, кои се три дена во штрајк, има околу 2600 вработени.