Археолошкиот музеј на Република Македонија од денеска ќе дозволува влез на кучиња придружници на лицата со попреченост.
„Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници“, наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј.
Оттаму потсетуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и оти располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост.
Лицата со попреченост ќе можат да се возат со куче придружник во автобусите на ЈСП и со жичницата