„Зачувајте си ги парите и уживајте во Хвар“, пишува на таблата која изминатиов викед се појави на влезот на Хвар, со предупредување до гостите за казните што ги очекуваат во случај на на непримерно однесување.
Како што објави Тпортал, за шетање без маица се предвидува казна од 500 евра, во костим за капење 600 евра, додека за јадење, пиење или лежење во пијана состојба на јавна површина – 700 евра.
Локалните и странските медиуми подолго време го карактеризираат Хвар како „озлогласено“ место за забави, а новиот градоначалник на Хвар, Рикардо Новак, најави дека по изборот на функцијата мора да се постават правила за „раскалашените“ млади туристи кои „се пијанчат, повраќаат, уринираат и спијат на градските површини“.
„Во согласност со градската одлука за јавниот ред и мир, поставена е табла со која се предупредуваат туристите на одредени правила на однесување во самиот град“, изјавил за „Јутарњи лист“ претседателот на Градскиот совет на Хвар, Јурица Миличиќ.