Хуманитарна кампања „Македонија ти си сончоглед“

„Македонија ти си сончоглед“ е насловена хуманитарната кампања што ја спроведува фондацијата „You are Sunflowеr“ чија цел е подобрување на условите за лекување на децата од најтешките болести, како што се ракот или леукемијата.

Почетокот на кампањата ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

„Со купување на маица со симболот You are Sunflower, секој од нас дава придонес во лекувањето на нашите деца, а во исто време како  луѓе покажуваме дека не сме ја заборавиле, односно изгубиле хуманата димензија, која би требало да ја носи секој човек. Исто така, покажуваме и дека како граѓани имаме и ја исполнуваме нашата општествена одговорност до најмладите членови на општеството кои утре ќе треба да го водат општеството и државата, но и да водат грижа за нас кои ќе бидеме веќе во есента на нашиот живот“, појасни Џафери.

Своето делување фондацијата го започнува во Тирана, по што се шири во Косово, а од неодамна и во Македонија.