Хуманитарна забава за третиот роденден на Здружение за дислексија „Ајнштајн“

Вечерва (18.12), со почеток од 21 часот,во Плеј Кафе на ул. Македонија ќе се одржи хуманитарна забава по повод третиот роденден на Здрuжението за дислексија „Ајнштајн“.

Собраните средства ќе бидат донирани за операција на Давид Ѓорѓиевски, кој боледува од церебрална парализа и треба да му биде оперирано стапалото во клиника во Скопје.

Здравствениот фонд покрива дел од сумата, но семејството на Давид е без примања и не може само да ги покрие постоперативните трошоци.