Хуманитарна забава за стерилизација на бездомни животни во Општина Центар

Вечерва во 21:30 часот, во Брик Бар, ќе се одржи хуманитарна забава за донирање средства за стерилизација на бездомни животни во Општина Центар. Иницијативата е на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар.

„Со стерилизација животните живеат подолг и поздрав живот. Со стерилизација се намалува размножувањето на бездомните животни. Биди и ти дел од решението! Сите заедно можеме да ја подигнеме свеста и да го спречиме неконтролираното размножување во Општина Центар.Ве чекаме!“, стои во повикот до граѓаните на фејсбук.