Хуманитарна забава вечерва во гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“

За првпат оваа година, средношколците во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ организираат хуманитарна забава во просториите на училиштето.

Целта на настанот кој ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот е да се соберат доволно парични средства за да им се помогне на одредени ученици со финансиски потреби и да им се платат целосните трошоци за славење на матурата. Исто така, дел од собраните пари ќе им се донирани на учениците од трета година по повод матурската екскурзија.

Во рамки на хуманитарната забава ќе се претстават повеќе ученици со своите бендови меѓу кои: Уна Николоска, Рамона Кочишки, Давор Бинов и Миа Скендеровска, Вера & Дарко, Дина Јашари, Дина Велкова, Ангела Настевска, Џоли и Дарко Бошковски, „Канта“, „Децибел“ и Мелиса Мустафа, Кети Скепаровска, Стефан Тасевски и Борјан Стојчев.

Картите за настанот се продаваат по симболична цена од 50 и 70 денари.