Хуманитарна забава на студентите од Машински факултет за децата од СОС село

Студентската организација ESTIEM LG, формирана од студентите на Машинскиот факултет во Скопје, организира забава за децата од СОС селото со хуманитарен карактер. Граѓаните кои ќе се одлучат да ја посетат забавата, може да донираат парични средства.

„Одлучивме оваа хуманитарна забава да биде посветена токму на овие деца поради тоа што сакаме да дадеме до знаење дека децата се иднината и дека никогаш нема да бидат сами. Сакаме оваа акција да биде еден поттик до сите хумани граѓани и хуманитарни организации, да организираат слични вакви настани за да придонесат насмевки на тие детски лица“, велат од студентската организација.

Забавата ќе се одржи оваа сабота (3 декември) во кафулето „Форплеј“, со почеток во 21 часот. На влезот на локалот ќе има поставено кутија во која ќе може да се донира.