Хуманитарна велодружба во Скопје за помош на социјално загрозени семејства

Во вторник ќе се одржи хуманитарна велодружба под име „Cycle4Charity”, односно „Возиме за добротворни цели“, со почеток од 17:30 часот. Организатор е компанијата „Интертек“, од каде и ќе започне возењето, а ќе заврши во Градски парк.

Средствата кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во здружението „Љубезност“, кое се залага за помош и поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и реализира хуманитарни активности.

„Овој настан е одличен начин да се покаже грижата за општеството и поддршка на социјално загрозените семејства и поединци во нашата заедница и можност за социјализација на отворено во релаксирана велоатмосфера“, велат од „Интертек“.

Оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со донација од 200 денари на жиро сметката на Интертек со назнака донација за Cycle4Charity.

ИТ компаниите, кои сакаат да учествуваат, можат да се вклучат како индивидуалци или како компанија поддржувач на настанот, со тоа што пред самото случување, својата донација треба да ја направат на жиро сметката на Интертек со назнака донација за Cycle4Charity“. појаснуваат организаторите.

Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.

Рута на возење