Хуманитарна театарска претстава „Апел за…“

PTPI Skopje-Macedonia Community Chapter организира хуманитарната театарска претстава „Апел за…“ што ќе се одржи на 29 март во 15:00 во Драмскиот театар. Повод за претставата е собирањето средства за подобрување на животните услови на социјално загрозените семејствата што го посетуваат Советодавниот центар за родители и деца-Гази Баба при СОС Детското Село.

Хуманитарна театарска претстава „Апел за...“

Театарската претстава ќе биде изведена од средношколци и студенти кои преку оваа претстава ќе го кренат својот глас против дискриминација, насилство и омраза. Претставата е креирана во рамки на инцијативите на Националната кампања против говор на омраза, а воедно е и наш придонес кон одбележување на неделата на Европски акции.

Текстот и режијата се на Марина Лотеска, а во претставата играат: Сања Николовска, Сара Локвенец, Дарко Поповски, Марија Коцевска и Томислав Давидовски во главните улоги, како и останатите членови од ДКЦ С’клет при СУГС Георги Димитров.

Цена на билетот е 100 денари, а во претпродажба ги има на билетарницата на Драмски театар.

„Ве очекуваме на 29 март во 15:00 во Драмскиот театар. Заедно да слушнеме и погледнеме за животни приказни што болат, за младите луѓе и нивните секојдевни проблеми, да се ослободиме од омразата и да им помогнеме на оние на коишто им е најмногу потребно“, порачуваат организаторите на претставата.

Театарската претстава „Апел за…“ е дел од проектот Bridges Connecting Cultures на PTPI Skopje-Macedonia Community Chapter, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Драмски театар и СОС Детско Село.