По повод третиот роденден на Омајгад, во сабота (24 септември) во кафе Љубов ќе се одржи хуманитарна продажба на маички, дуксери, постери и чевли.
На хуманитарната продажба ќе учествува и Марина Зоксимовска, која рачно изработува уникатни чевли под името Клауд Дизајн.
На настанот има и музичка програма.
Целосната заработка од продажбата ќе биде донирана во Здружението на граѓани со ретки болести Challenges.