Хуманитарна изложба на Reborn за настраданите од поплавите

Поради катастрофата која го зафати Скопје со поплавите на 6-ти август, Reborn x Младинскиот клуб на организираат хуманитарна изложба на Инстаграм фотографии (#rebornphoto) од скопското невреме.

Изложбата ќе се одржи во просториите на Младински Клуб, во четврток (11.08) во 20 часот. Ќе биде од продажен карактер, а собраните парични средства ќе бидат донирани за настраданите од поплавите.

Фотографиите ќе се продаваат по симболични 100 денари, а се испечатени како донација од MagnaSken.