Група млaди автори кои по Ликовната експедиција одржана во рамките на „креативните викенди“ во Лазарополе, имаат за цел да соберат финансиски средства кои ке бидат донирани за лекувањето на младата хаику авторка Искра Донева.
„Егзистирајќи и акумулирајќи во една дадена средина која нуди некаков тип на општествени циркулации, се случува да се приклониме кон рутинизирани пристапи и активности што со тек на време резултира со еден херметизам.
Притиснати од секојдневните во поголем дел систематизирани практики, сметавме дека можеби ни требаат поразлични влијанија, нови визури, поразлична општествена стварност, различна социјална корелација, различен терен што секако барем на кратко би ја прекинало врската со овдешното суштествување. Таквата кратка промена претставуваше и еден тест за нашите адаптибилни способности како околу секојдневните активности така и за ликовните практики. Си го поставивме прашањето: како се размислува кога различен мирис се шири низ воздухот, како е кога во ракурсот на гледање повеке има зелено октолку сиво, кога единствените информаци кои те окупираат се информациите од околината, како е кога си дел од еден микрокосмос кој што е различен од претходниот микрокосмос, а сепак се дел од еден макрокосмос?
Одговорот на таквата провокација ја баравме во користењето на материјалите коишто ни беа на дофат. Таквите парчиња веќе беа парцијално изградени во една ликовна нарација за која беа одговорни времето и атмосферските услови. Нашите сензибилитети одговораа на тие дразби, па така издвојувајќи одредени ликовни вредности интервениравме дополнувајќи ги во нови ликовни солуции“, се вели во најавата на изложбата.