Хуманитарна акција на МОБ и театрите за Србија и БиХ

Македонската опера и балет, Македонскиот народен театар и Драмскиот театар-Скопје се вклучуваат во акцијата за помош на луѓето од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Хуманитарна акција на МОБ и театрите за Србија и БиХ

Приходите од продадените билети за нивните вечерашни претстави ќе бидат наменети во таа цел. МОБ ќе ја прикаже оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно, која е во рамки на тековниот фестивал Мајски оперски вечери, а во МНТ ќе биде изведена новата претстава „Сината птица“ во режија на Златко Славенски.

Драмскиот театар-Скопје најави дека во хуманитарна цел ќе бидат две претстави: вечер ќе ја изведе „Евридика“, а утревечер претставата „Живот во тесни чевли“.