Хуманитарна акција на Младинскиот Совет на Американската амбасада

Младинскиот Совет на Американската амбасада организира хуманитарна акцијаМладинскиот Совет на Американската амбасада во Република Македонија организира хуманитарна акција за донации за семејствата чии куќи изгореа во населбата Циглана во големиот пожар.

Настанот се организира вечерва(26 декември) во кафе барот Барселона со почеток во 21 часот. Секоја помош и донација во конзрвирана или спакувања храна, облека или пари е повеќе од добредојдена.

На настанот ќе присуствуваат и претставници од Црвен Крст и Банката за храна кои ќе придонесат за собирање средства за овие семејства.

„Не постои подобар начин за одбележување на празниците отколку помошта за оние кои им е најпотребна“, стои во повикот од Младинскиот Совет.