Хуманитарна акција на „Портрет“ и македонските спортисти за семејствата погодени од поплавата

Магазинот „Портрет“, заедно со македонските спортисти ќе  дадат поддршка за погодените семејства од поплавата во скопско, преку хуманитарна аукција на дресови од најголемите спортски ѕвезди од земјата. Аукцијата ќе се одржи денес (16.08) во Јавна соба со почеток од 17.00 часот.

Во аукцијата ќе учествуваат Перо Антиќ, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Филип Талески, Јован Костовски, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Војдан Стојановски, Столе Стоилов, Наумче Мојсовски, Пепи Манасков, Горан Пандев, Александар Васовски, Влатко Гроздановски и Бобан Грнчаров.

За подобра мотивација, исто како на терените, музички придонес на грамофони ќе даде Ненад Стефаноски (Foolish Green).

Покрај средствата собрани од аукцијата, дополнително ќе се собираат и парични донации во кутии, поставени на самото место. Сите средства ќе бидат донирани директно на семејствата погодени од поплавата.