Хуманитарна акција на дарување училишен прибор, книги и опрема за децата во СОС селото

Со цел да им се помогне и олесни почетокот на училишната година на 140 дечиња без родители и родителска грижа, како и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од своите биолошки семејства, згрижени во СОС детско село во Скопје, Здружението „Хуманост без граници” организира хуманитарна акција на дарување.

Книги, лектири, работни тетратки, учебници, тетратки за пишување, блокови за цртање, моливи, пенкала, фломастери, училишни ранци….се што граѓаните сметаат дека на некое дете ќе му биде од корист во текот на учебната година, може да го донираат во сабота (22 август), од 19:00 до 20:30 часот, пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

„Нека училишната година биде почеток на едно прекрасно патување и период полн со радост и големи очекувања за сите деца. Да им помогнеме на децата од СОС детско село сите ние и тие комплетно подготвени да ја дочекаат оваа учебна година.

Ве очекуваме, за заедно да подготвиме и донесеме радост на лицата на децата од СОС детско село“, се вели во официјалниот Фејбук настан на хуманитарната акција.