Хуманитарна акција „Да растеме заедно“ за помош на семејствата со лица со аутизам

„Аутизам МК / Autism Awareness MK“ е повторно во акција. Овојпат во соработка со „Public Room“ од Скопје на 11 јуни со почеток во 18 часот организираат хуманитарната акција „Да растеме заедно / Lets grow together“ за собирање средства за помош на семејствата со лица со аутизам.

Оваа вечер ќе изобилува со настани – аукција на уметнички дела донирани од самите автори и лотарија со извлекување на интересни и разновидни награди.

Исто така, најавен е и музичко-забавен дел со учесници како Ана и Тино, Снежана Матовска, хорoт „Артисан“,„Dancers United“ и диџеј Цако.

„Ве покануваме да дојдете, да го збогатите настанот со своето присуство и да покажеме дека прифаќаме и сакаме Да растеме заедно“, велат организаторите.