Хуманитарен концерт за Србија и БиХ

Влатко Стефановски трио, Каролина Гочева, Ареа, Нокаут, Тони Зен и Кристина Арнаудова ќе настапат на хуманитарниот концерт за Србија и Босна и Херцеговина што ќе се одржи на 28 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Хуманитарен концерт за Србија и БиХ

Влезниците за концертот ќе бидат во продажба од 21 мај по цена од 500 денари. Во продажба ќе бидат пуштени 10 илјади влезници.