Хуманитарен концерт „Љубовни ноти“

Во организација на Клубот на млади при Црвениот крст на Град Скопје во соработка со ДМУБЦ „Илија Николовски Луј“ денеска ќе се одржи хуманитарен концерт „Љубовни ноти“.

Хуманитарен концерт „Љубовни ноти“

На концертот ќе настапат ученици од музичкото училиште кои ќе се претстават со традиционални македонски староградски изведби, македонски евергрини и изведби на популарни љубовни нумери.

Посетителите на настанот ќе имаат можност да донираат преку поставени касички со знакот на Црвениот крст или преку купување рачни изработки на волонтерите на Клубот на млади и стари лица кои ги посетуваат Дневните центри за стари лица во Скопје.

Влезот е слободен, а собраните донации ќе бидат наменети за детското катче и децата кои се на лекување во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле.