Хуманитарен концерт со руски уметници во Охрид

Хуманитарен концерт на класична музика на кој ќе гостуваат реномираните руски уметници, пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко, ќе се вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот.

Концертот, кој е во организација на „Охридско лето“, ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе биде поставена кутија за донации за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес.

Ќе бидат изведени дела од Бах, Доплер, Рахмањинов и други композитори.

Александар Синчук е роден во градот Находка, Русија. Уште како студент на Московскиот конзерваториум станува лауреат на многу престижни натпревари по пијано.

Артем Науменко е роден во Саратов, Русија. Тој меѓу другото е победник на Меѓународниот натпревар во Падова во категориите дувачки инструменти и виртуози во 2007 година. Науменко ја доби наградата Национален триумф и беше прогласен за млад победник во областа на литературата и уметноста во 2007 година.