Хуманитарен концерт „Љубовни ноти“ вечерва во Факултетот за музичка уметност

Младинскиот совет на американскатa амбасада во Македонија и Црвениот крст на Град Скопје во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, вечерва организираат хуманитарен концерт „Љубовни ноти“.

Концертот ќе започне во 19 часот во салата на Факултетот за музичка уметност.

„Со собраните средства, во пресрет на 8-ми март, во соработка, ќе ги посетиме пациентките оперирани од малигни заболувања на Клиниката на онкологија и торакална хирургија и ќе им подариме мали подароци во знак на поддршка во нивната борба со ова заболување“,  стои во повикот за настанот.

Програмата за хуманитарниот концерт вклучува балетска точка „Исидора“, изведба на класични дела од познати композитори, исто така и образовен профил: Традициски играч пејач…