Хуманитарен филмски маратон во Охрид

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (УИНТ), заедно со Филмската академија во Охрид (ФИОФА) и Црвениот крст, денеска со почеток од 18 часот организираат хуманитарен филмски маратон.

Настанот се организира за собирање средства за охриѓанецот Трајан Целески кој боледува од тумор на мозок.

„How the Grinch Stole Christmas“, „The Christmas Chronicles“, „Frozen“, „Elf“ и „The Nightmare Before Christmas“ се филмовите кои ќе бидат прикажани во наредните два дена, а влезница за секоја од проекциите чини 100 денари.

Претходно, на 28 ноември годинава, УИНТ и ФИОФА организираа хуманитарна проекција на „Темниот феникс“, а собраните средства исто така беа донирани за Целески.