Human Rights Watch: 400 000 сириски деца во Турција не посетуваат настава

Повеќе од 400 000 деца, бегалци од Сирија кои живеат во Турција не посетуваат училиште, се вели во најновиот извештај на Human Rights Watch. Додека турската влада прими голем број бегалци од соседна Сирија, Турција се бори да обезбеди можност сириските ученици да добијат пристап до образование за кои тие имаат право според меѓународното право.

Во извештајот напишан на 62 страници „Кога ќе ја замислам мојата иднина, не гледам ништо: бариери во образованието на сириските деца-бегалци во Турција “, се документирани главните пречки што ги спречуваат сириските деца да добијат формално образование во Турција, која вдоми повеќе од 2 милиони бегалци од сирискиот конфликт, кој започна во 2011 година.

Владата усвои важен закон во септември 2014 година, кога официјално им даде на сириските ученици пристап до јавните училишта, но останаа клучните пречки, како јазичната бариера, прашањата на социјалната интеграција, економските проблеми и недостаток на информации во врска со законите, забележуваат Human Rights Watch.

„Неуспехот на сириските деца да им се обезбеди образование става во ризик една цела генерација“, вели Стефани Џи,која е дел од програмата за правата на бегалците во организацијата. „Без вистинска надеж за подобра иднина, очајните сириските бегалци може да ги стават своите животи на работ и да се вратат во Сирија или да тргнат на опасно патување кон Европа.”