Промоција на „Мојот прв буквар“ на ромски јазик

Здружението за развој на Ромската заедница „СУМНАЛ“ денеска во 12 часот во литературното кафе „Метаноја“ ќе го промовира „Мојот прв буквар“ на ромски јазик.

На промоцијата свое обраќање ќе имаат авторот, Севдија Абдулова Демирова и рецензентите, Лена Дамоска и Биљана Туџаровска-Ќупева.

„Веруваме дека со оваа книга на забавен начин со изучување на песнички за секоја буква посебно, децата уште од најраната возраст ќе ја научат ромската абецеда. Воедно, книгата не е е наменета само за ромските деца, туку и за нивните другарчиња од другите етнички заедници бидејќи содржи и песнички на македонски јазик и мини речник. Букварот на ромски јазик е поддржан од Владата на Република Македонија“, соопштуваат од „СУМНАЛ“.