Самостојната издавачка куќа „Мртов коњ“ го објави албумот „Rigged Phantasies“ на хрватскиот состав „Клаутро/фонија“ (Klaustro/fonija), кој македонската публика неодамна можешe да гo слуша во клубот „Минус еден“ заедно со „Корпорација Вагина“ (Vagina Corporation).
Албумот е плод на соработката и заедништото на „Мртов коњ“ и колективот „Гола планина“ со новите регионалните музички сили, меѓу кои спаѓа и „Клаутро/фонија“. Дечките заедно се дружат, свират, настапуваат на турнеи и… издаваат музика.
Оттука, ова е втор објавен албум на домашниот издавач со состав надвор од Македонија, по оној ланскиот на српскиот андерграунд феномен „Клотљуди“.
„Хаотична бура и психотропна вртоглавица се тркала од Осијек. Гараж-рок, психоделија, нојз експерименти… мириса како натреварот да е наместен. Несопирливиот марш на свет во распад. Слушајте на сите платформи! Денес! Сега! Веднаш! Мртвиот коњ се движи, повеќе и повеќе, ден за ден“, стои во инфото за албумот.
Албумот може да се преслуша и поддржи на повеќе платформи, а Радио МОФ го препорачува Бендкемп.
Бојан Шашевски