Хрватски превод на „Осмица“ на Румена Бужаровска

Во понеделник (16 март) во Загреб ќе биде промовирано хрватското издание на збирката раскази „Осмица“ на македонската писателка Румена Бужаровска. Книгата е во издание на „Алгоритам“, а преводот на хрватски е на Маја Мастнак Цар.

На промоцијата во Градската библиотека „Богдан Огризовиќ“ ќе присуствува авторката, а книгата ќе ја претстават македонистот Ивица Баковиќ и уредникот Круно Локотар. Ова е прво издание од македонски автор на издавачот „Алгоритам“.

Инаку, „Осмица“ е втората книга раскази на Бужаровска која беше објавена 2010 година во издание на „Блесок“.

На следниот линк може да се погледне расказот „Мојот маж, поет“ објавен на хрватски во 2013 година.