Хрватската претседателка го сликала гласачкото ливче со мобилен телефон

И покрај предупредувањето на Државната изборна комисија да не се користат мобилни телефони на избирачките места, со посебен нагласок на забраната за фотографирање на гласачките ливчиња, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ не успеала да одолее.

Откако ја извршила граѓанската должност, својот лист го фотографирала, покажува снимката на Н1 телевизија.

Користењето на мобилните телефони и фотографирањето на гласачки ливчиња не е спротивно од општите правила за однесување на избирачко место и правилата за изборна постапка, велат од Државната изборна комисија.

Портпаролот на претседателката Лука Ѓуриќ изјави дека не се работи за противзаконска активност, туку дека полошо е тоа што камерата го снимила речиси половина гласачко ливче, што значи повреда на тајното гласање.