Хрватска новинарка истури кофа со фекалии пред Владата во Загреб

Хрватската новинарка Ива Анзуловиќ денеска истури кофа полна со фекалии пред влезот на хрватската Влада во Загреб. Како што јавуваат хрватските медиуми, Анзуловиќ по втор пат се решава со овој чекор за да укаже на проблемот со несериозноста во борбата против корупцијата во Хрватска.

„Ќе ги поливам со измет сите за кои аргументирано, според новинарски текстови, се знае дека се криминалци.Од денеска ниту еден докажан криминалец нема да се чувствува безбедно било каде во јавноста, и ниту една институција нема да знае кога ќе ја гаѓам со фекалии“, порача  Анзуловиќ на Фејсбук.

За време на протестот таа носеше маица со ликот на новинарот Синиша Главашевиќ, убиен за време на српската опсада на Вуковар, со натпис „Ве обвинувам вас, господо“.