Христина Ивановска и Јане Чаловски се македонски претставници на 56. Венециско биенале

Концептот„ Ние сме сами во ова“ дело на ликовните уметници Христина Ивановска и Јане Чаловски годинава ќе ја претставува Македонија на 56. издание на Венециското биенале.

„Ние сите сме сами во ова“ е мултидициплинарен ликовен зафат кој ја тематизира претставата за вербата, како емотивна и интелектуална состојба, и своевидна современа социо-политичка аномалија.

Проектот е пред се истражувачки и создаван во повеќе етапи, и произлегува од силен интерес кон идејата за реактивирање, или пак реанимирање, на нови релации кои произлегуваат од реконтекстуализирање на сликарското дело на анонимниот автор од црквата од XII век „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново (видена како предзнак за идејата на истражувачки центар) во дијалог со современите концепти за истражувачка, концептуална и концепт-базирана уметност.

Проектот го предложила Националната галерија на Македонија, а куратори ќе бидат Башак Шенова од Турција и Маја Чанкуловска-Михајловска.

56. издание на Венециското биенале годинава ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември.