Хранењето гулаби во Велика Британија може да стане кривично дело

Новиот закон кој им овозможува на советите да забранат одредени активности на јавни места доведува до „бизарни нови кривични дела“, според кои, бездомниците, уличните музичари и луѓето кои хранат гулаби можат да бидат кривично гонети, пишува Independent.

Иако се вели дека законот има голема поддршка од јавноста, оние кои се дел од кампањата против оваа регулатива сметаат дека законот е збунувачки и ќе го претвори градот или центрите на градот во „забранети зони“.

Според клубот Манифесто, повозрасните луѓе, младите и бездомниците можат да се сметаат како криминалци ако властите додадат „крпеница на кривичниот закон“ како дел од анти-социјално однесување, криминалниот и полициски акт. Властите ќе можат да ги користат овие забрани со цел да забранат одредени активности, вели групата.

Овде се нагласуваат областите каде на одредени луѓе им е забрането да престојуваат во паркови или станбени населби, додека питачењето и отворените контејнери на алкохол се сметаат за кривични дела во некои области.

Но, властите велат дека новите закони, кои се наменети за ограничување на анти-социјалното однесување и да се подобри квалитетот на животот на жителите, се чини дека функционираат.

Josie Appleton, директор на Манифесто клубот смета дека овие сили се толку проширени што им овозможуваат на властите да забранат речиси се.

„Ова ќе и отежни на јавноста да знае што е криминал, а што не. Овие наредби ќе ги претворат градот и градските центри во „забранети зони“ за бездомниците, за повозрасните дами кои ги хранат гулабите или некој друг кого властите го гледаат како „неуреден“, вели Appleton.

Во Колчестер се смета за криминал да се вози во мал парк по 18 часот, освен возилата кои служат како помагала. Во Пул пак, на луѓето не им е дозволено да просат во одредени области и се бара да го исчистат ѓубрето од нивното куче.

Градскиот совет на Оксфорд донесе забрана за луѓе под возраст од 21 година да влезат во станбени блокови освен ако законски не престојуваат или посетуваат роднина. Советот, исто така, предложи низа ограничувања на активности во центарот на градот, вклучувајќи ги и забраните за уличните музичари, просењето и хранењето гулаби.