„Храна, не оружје“ утре повторно на скопскиот плоштад

Од 10 часот, па докај 13 часот утре (4 април) на плоштадот „Македонија“ во Скопје повторно ќе се одржува акцијата „Храна, не оружје“ (Food not bombs), на која се дели вегетеријанска храна.

„Доколку веруваш дека и ти можеш да нахраниш еден можеш да помогнеш ако сакаш дојди на плоштад. Дали со продукт грав или помош или зготвено нешто што оди со чај. Јас верувам дека се додека не барам изговор за да не правам она што го правам никогаш нема да престанам. Оброк со порака – не се откажуваме, борбата со храна против оружје продолжува…“, велат од иницијативата.

„Храна, не оружје“ е основана во 1997 во Скопје и преставува практичен протест против енормното трошењена пари за непотребни човечки потреби, додека секој ден се повеќе и повеќе луѓе умираат од глад.

„Сржта на ‘Храна, не оружје’ е не само да се нахранат гладните или бездомниците туку да се сподели оброк и порака со секого затоа што храната е право, а не привилегија. Притоа се залагаме за ненасилство за рециклирање храна за отварање свеста индивидуално после општествено ако владите и луѓето и корпорациите ширум светот трошат подеднакво пари и енергија да ги прехранат луѓето како што се трошат на војни, и на човечки потреби никој не би бил гладен, но сепак ‘Храна, не оружје’ верува секој индивидуално може да нахрани еден. На светот има доволно храна за сите, но колку од таа безпотребно се фрла како директна последица на капитализмот и нашето потрошувачкото општество ‘Храна, не оружје’ воедно е здраво и ненасилно движење“, соопштуваат од иницијативата.

Во продолжение, погледнете го повторно видеото на Радио МОФ за иницијативата: