„Храна, не оружје“ утре повторно ќе дели гравче и чај на плоштадот „Македонија“

Иницијативата „Храна, не оружје“ утре (април) од 10:30 докај 1 часот на плоштадот „Македонија“ повторно ќе дели чај и грав.

„Доколку веруваш дека и ти можеш да нахраниш еден можеш да помогнеш ако сакаш дојди на плоштад со продукт грав или помош или зготвено нешто што оди со чај. Јас верувам дека се додека не барам изговор за да не правам она што го правам никогаш нема да престанам. Оброк со порака: Не се откажуваме, борбата со храна против оружје продолжува…“, се вели во најавата за настанот.

Инаку, „Храна, не оружје“ е основана во 1997 во Скопје и преставува практичен протест против енормното трошење на пари за непотребни човечки потреби, додека секој ден се повеќе и повеќе луѓе умираат од глад.

„Сржта на ‘Храна, не оружје’ е не само да се нахранат гладните или бездомниците, туку да се сподели оброк и порака со секого затоа што ‘Храна, не оружје’ е право, а не привилегија. Притоа се залагаме за ненасилство за рециклирање храна за отварање свеста индивидуално после општествено ако владите и луѓето и корпорациите ширум светот трошат подеднакво пари и енергија да ги прехранат луѓето како што се трошат на војни, и на човечки потреби никој не би бил гладен, но сепак ‘Храна, не оружје’ Скопје верува секој индивидуално може да нахрани еден“, велат од движењето.

Од таму потенцираат дека на светот има доволно храна за сите, но голем дел од неа безпотребно се фрла како директна последица на капитализмот и нашето потрошувачкото општество.