Хотелската рецепција станува минато, собите ќе се отклучуваат преку телефон

Гостите кои престојуваат во американските хотели, во блиска иднина ќе ја заборават рецепцијата. Според најавите, клучот од вратата на својата соба наскоро ќе го добиваат преку својот паметен телефон.

Хотелската рецепција станува минато, собите ќе се отклучуваат преку телефон

Компанијата „Старвуд“ најави дека нејзините хотели „Алофт““ и „W“ годинава ќе го применат мобилното пријавување во хотелите. Гостите кои од Интернет ја преземаат апликацијата на оваа компанија ќе бидат во можност да се пријават во хотелот во движење и своите смартфони да ги користат како клучеви од хотелската соба, пишува Wall Street Journal.

Иако засега нема конкретен датум за воведување на новиот систем, барем два хотела – во Купертин во Калифорнија и на Менхтен, ќе ја имаат оваа технологија до крајот на март. Останатите хотели, додаваат од „Старвуд“, технологијата ќе ја усвојат до крајот на годината.

На самиот почеток, мобилниот клуч ќе им биде достапен само на одредени гости на овие синџири од хотели кои ќе ја симнат апликацијата на својот Ајфон или Андроид смартфон.

Пред пријавувањето, тие ќе добијат виртуален клуч што потоа може да ја отклучи вратата на собата со помош ма Блутут врска и физичко движење на телефонот.

Ова, исто така, би можело да ги реши проблемите во случај на немање струја, бидејќи интерните батерии внатре во самите брави постојано се проверуваат.