Хотел во Токио нуди легла во полици за книги

„Book and Bed“ („Книга и кревет“) е хотел во Токио кој ќе започне со работа од 5 ноември, а на посетителите им нуди уникатно искуство – легла поставени во полици за книги. Дизајниран од Makoto Tanijiri и Ai Yoshida, хотелот ветува удобен простор каде гостите ќе можат целосно да уживаат во читање на книги.

Просторот во кој луѓето ќе можат да спијат е со големина 205 на 85 центиметри, иако стандардна големина е 205 на 129 центиметри.

Цената за преноќување ќе се движи од 32 до 50 долари, во зависност од големината на сместувањето.

На отворањето на хотелот, ќе има 1700 книги на англиски и јапонски јазик, иако хотелот планира да го зголеми фондот на библиотеката во иднина до 3000 книги.