Новата програма по која ќе учат македонските ученици во основните училишта нема дополнително да ги оптовари, туку ќе придонесе да се подобрат нивните резултати, вели директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ во интервју за телевизијата 24 Вести. Хорватовиќ вели дека материјалот „не е на високо ниво или сувопарен, па децата да не можат да го совладаат.“ Сите во Министерството, според директорката на Бирото, очекуваат дека со новата програма ќе се унапредат и продлабочат практичните и базичните знаења на учениците.