Хорот „Howard Gospel“ за 55. роденден на „Охридско лето“

Со настап на светската музичка атракција, хорот „Howard Gospel“ од САД, вечер на Античкиот театар во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ ќе бидат одбележани 55 години постоење на најголемата и најзначајна музичко-сценска манифестација во државата.

Фестивалот „Охридско лето“ 55 години ја собира светската уметничка елита, нудејќи и на публиката ексклузивна културна содржина и промовирајќи ги националната културна традиција и современото македонско културно творештво.