ХОПС: 150 пакети и едукација за Ковид-19 за лица кои употребуваат дроги, сексуални работници и нивните семејства

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје информира дека во изминативе три месеци се обезбедени и поделени 150 хигиенски пакети и пакети со храна. Од нив, 135 хуманитарни пакети се поделени на нивните корисници на услуги и нивните семејства, а 15 пакети за бездомни лица, односно луѓе кои употребуваат дроги и сексуални работници кои немаат постојано место на живеење.

Покрај материјална помош, тимот на ХОПС спроведе и 160 едукации за превенција од Ковид-19, при што се дистрибуирани и 462 информативно печатени материјали кои содржат совети за заштита од вирусот.

„Грижата за здравјето на нашите корисници на услуги во време на пандемија ја потврдуваме и со можноста за добивање на бесплатни имуностимуланти кои ќе го подобрат имунитетот и ќе доведат до намалување и спречување на вирусот Ковид-19“, велат од ХОПС.

Исто така, центрите на ХОПС се опремени со хигиенски материјали и заштитна опрема за ангажираните лица, кои ги посетуваат дневните центри и спроведуваат теренски активности.

Активностите се дел од проектот  „Превенција на Ковид-19 меѓу лица кои употребуваат дроги, сексуални работници и нивните семејства”, поддржан од Владата.