Хонг Конг со електронски нараквици ги контролира луѓето во самоизолација

Хонг Конг има посебен метод за надзор на луѓето во карантин, пренесува хрватски „Индекс“. Кога стилистот Деклан Чан, претходната недела слетал во Хонг Конг, на влезот добил нараквица. Таквиот уред ќе го прати неговото движење во текот на 14-те дена задолжителен карантин, му појасниле надлежните.

Ова е најновата мерка за превенција во Хонг Конг каде има голем број на увезени случаи на вирусот. Владата денеска најави нови рестрикции на движењето со кое се бара сите кои влегуваат од странски држави да одат во 14 дневен карантин.

Нараквицата е поврзана со апликација која се симнува на мобилен телефон и која на владата и ја јавува локацијата на лицето во изолација.

Чан рече дека ја спуштил апликација и дека морал да се движи низ куќата, како би се мапирало подрачјето по кое може да се движи. Владата има околу 5.000 нараквици кои се спремни за употреба, додека 60.000 од нив се во припрема.