Хомосексуалноста може да биде основа за азил во ЕУ

Хомосексуалноста може да биде основа за азил во ЕУЕвропскиот суд за човекови права соопшти дека донел одлука, според која странец од држава надвор од Европската Унија, ќе може да аплицира за бегалски статус доколку е хомосексуалец и ако оваа сексуална ориентација активно се казнува во неговата татковина.

Судот забележува дека за доделување на статус врз оваа основа не е доволно во земјата на потеклото на странецот да пости кривично законодавство против хомосексуалците, туку тоа треба и активно да се применува.

Одлуката опфаќа случаи во кои хомосексуалците во нивните татковини подлежат на парични казни или лишување од слобода.

Судот се произнесе по побараното толкување од највисоката судска инстанца во Холандија, која добила молби за доделување бегалски статус на државјани на Сиера Леоне, Уганда и Сенегал.

Во својата одлука Европскиот суд се повикува на Женевската конвенција и на правото на ЕУ. Според посочените акти, секој државјанин на земја надвор од ЕУ, кој има основани стравувања од прогон поради својата раса, вероисповед, националност, политички погледи или припадност кон определена општествена група, може да побара статус на бегалец.