Homer Simpson за првпат ќе се појави во живо

За прв пат откако постои анимираната серија The Simpsons, еден од главните ликови, Homer, ќе се појави во живо на телевизија.

Во рок од три минути, Homer ќе го даде своето мислење за актуелни теми, како на пример претседателските избори во САД, а ќе одговара и на прашања на публиката поставени преку социјалните медиуми, вели извршниот продуцент на серијалот, Al Jean.

За анимираниот лик да настапи во живо, Jean и тимот аниматори ќе користат motion capture технологија при изведбата на актерот Dan Castellaneta, кој го позајмува гласот за Homer, додека е во студио. На тој начин, сѐ што актерот прави ќе се пренесува во живо, вели Jean.

Триминутниот сегмент ќе се емитува во живо на 15 мај. Луѓето кои сакаат да му постават прашање на Homer може да објават „твит“ со хаштагот #AskHomer меѓу 1 и 4 мај.

Извор: Polygon