Холограм ја замени бистата на Едвард Сноуден во Бруклин

Само неколку часа откако полицијата ја отстрани незаконската биста со ликот на Едвард Сноуден во парк во Бруклин, уметници ја заменија со холограм.

Групата уметници, кои колективно се нарекуваат „The Illuminator“ и не се поврзани со триото зад оригиналната скулптурата, употребија лаптоп и опрема за проекција со цел да создадат слика од Сноуден на местото каде стоеше бистата.

Оваа акција е наспроти обидот на властите да го „цензурираат’ делото, се вели во пост објавен на платформата Tumblr.

„Инспирирани од акциите на овие анонимни уметници, уметничкиот колектив „The Illuminator“, интервенираше со проектирање на сликата на скулптурата во облак од чад“, велат од групата.

„Нашето чувство е дека додека државата може да ги отстранува сите материјални артефакти кои се спротивставуваат на актуелниот авторитаризам, актите на отпор ќе останат во јавната свест и преку споделување на спротивставувањето, надежта ќе опстане“.

После ова, се јавија и уметниците кои првично ја поставија бистата од Едвард Сноуден.

„Бевме изненадени од начинот на кој статуата беше покриена пред нејзиното отстранување, како и од простото соопштение. Бевме подеднакво охрабрени да го видиме доаѓањето на поддршка од Њујорк, како и луѓето онлај кои споделија. Гледајќи ги цвеќињата на сега празниот споменик беше неверојатно инспиративно, а кога друга група уметници „повторно ја поставија“ бистата и ја претставија во светлина, бевме навистина трогнати. Тоа е доказ за значењето на делото, како и тешките прашања кои не тераат да ги одговориме, ние ќе опстанеме иако физички веќе не е достапна. Ние сме воодушевени што ова ги инспирираше другите да преземат креативна акција за подигање на свеста за тоа што значи да се биде Американец и херој“.

Бистата беше поставена на чело во коланата во која е и споменикот изграден во чест на повеќе од 11 000 илјади американски воени затвореници кои загинале на британските бродови за време на Американската револуционерна војна. Но, во кусо излагање, портпаролката на одделот за паркови во Њујорк рече дека секое неодобрено поставување на скулптура или уметничко дело во градскиот парк е незаконски.