Холандскиот композитор Jozef Van Wissem ќе настапи во МКЦ

Добитникот на награда за најдобра музика на канскиот филмски фестивал за музиката во филмот “Only Lovers Left Alive” на Jim Jarmusch, холанскиот композитор Jozef Van Wissem ќе настапува во Младински културен центар во Скопје, на 14 февруари (сабота).

Jozef Van Wissem е познат и по претходни соработки со Jim Jarmusch. Негови соло албуми се „It Is All That Is Made“ (2009) и „Ex Patris“ (2010), а музиката се карактеризира со хипнотичко и емоционално влијание.

Покрај Wissem, ќе настапи и македонскиот композитор Александар Пејовски со својата премиерна изведба на најновото дело насловено „Јас сум Шарли, јас не сум Шарли, јас сум Чарли – песот од Вевчани“, направено за две виолини, виола и лента.