Холандскиот град Арнхем со локални мерки против глобалното затоплување

Мерките вклучуваат и замена на 10 отсто од архемскиот асвалт со трева за подобро справување со жештините.

Градот одлучил да го ископа асвалтот и да создаде површини под сенка околу трговските центри, откако донел заклучок дека последиците од глобалното затоплување не можат да се избегнат.

Преку десетгодишен план креиран од гратскиот совет, бил предложен нов редослед на градот кои би ги подготвил жителите за екстреми климатски состојби како порои, суши и топлински бранови.

Гратскиот совет одлучил дека 10 отсто од асвалтот треба да се замени со трева и други растенија за подобро справување со жештините и подобрубање на гратската апсорбција на дожд. Со тоа, 90 отсто од дождовната вода би ги налевала градските површини, наместо да се влее во канализацијата.

Дрвја ќе бидат засадени до патиштата како заштита од сонцето за да креираат нови „места за ладење“ со водени површини и сенка, најчесто изградени до плоштади и шопинг центрите.

Голем дел од Холандија се наоѓа на подморска височина и сите урбани центри во државата се подложени на „тестови за глобално затоплување“ за да се види на кој начин тие би можеле да се прилагодат на дождовите, топлотните бранови и високи и ниски текови на реките.

Од градскиот совет најавени биле и субвенции за жителите кои ќе собираат дождовна вода и ќе изградат зелени кровови, а планирано е и намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Холандската влада се обидува да ги намали ефектот на стаклена градина преку намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 49 отсто до 2030, за да го достигне намалувањето од 95 отсто планирано за во 2050.

Извор: Guardian