Холандски документарни филмови во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија од 5-ти до 8-ми мај ќе бидат прикажани циклус современи холандски документарни филмови. Публиката ќе има можност да ги види најновите филмски приказни на Хеди Хонигман, Хела де Јонге, Морган Книбе, Петер Латастер и Петра Латастер Сиш.

Манифестацијата ќе започне вечерва, во 20 часот, со проекција на документарниот филм „Со 50 концерти низ светот“. Во наредните денови ќе се прикажат филмовите „Не губи го срцето“, „Оние што го чувствуваат разгорениот оган“ и  „Потребата да танцувам“.

Според фестивалскиот критичар Гена Теодосиевска, се очекува филмовите да ја освојат публиката со социјалниот и хуманистичкиот пристап на ликовите.

Распоредот на филмовите и програмата е достапна на официјалниот Фејсбук настан.